Општина Аеродром: Поставување нова урбана опрема и интензивна обнова на детските и спортските игралишта
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 29 Септември 2026
Општина Аеродром започна со реализација на активности насочени кон уредување и модернизирање на јавните површини во повеќе населени места.
Во рамките на овие зафати на терен се поставуваат нови клупи за седење и канти за отпадоци, додека на постојните бетонски клупи им се додаваат нови дрвени седишта со цел зголемување на нивната функционалност и уредност.
Паралелно со поставувањето на урбаната опрема, локалната самоуправа информира дека интензивно се работи и на обнова и уредување на детските и спортските игралишта низ општината.
Овие активности се насочени кон создавање побезбедни, пофункционални и попријатни услови за детска игра, спорт, рекреација и секојдневни средби на граѓаните од сите генерации.
Градоначалникот Дејан Митески нагласи дека овие мерки се дел од континуираните напори за подобрување на урбаниот амбиент и подигнување на квалитетот на секојдневниот живот во општината.
Фото извор: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













