Општина Аеродром обезбедува бесплатна обука по англиски јазик и Б2 сертификат за младите
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 01 Октомври 2026
Општина Аеродром објави јавен повик за бесплатна обука по англиски јазик наменета за млади на возраст од 15 до 30 години, со цел унапредување на нивните јазични и комуникациски вештини и стекнување меѓународно признат Б2 сертификат согласно со CEFR стандардите.
Обуката ќе биде реализирана од Здружението за едукација, превод и сертификација „Јазична академија“ – Скопје, кое предвидува интензивна програма за најмногу 50 учесници, распоредени во соодветни групи според нивното почетно ниво на знаење.
Програмата е практично ориентирана, со фокус на говорната и писмена комуникација во секојдневниот, образовниот и професионалниот живот.
При селекцијата на кандидатите, предност ќе имаат лицата од социјално и економски ранливи категории кои имаат ограничен пристап до дополнително образование.
Почетокот на обуката е закажан за 1 ноември 2026 година, додека рокот за пријавување трае до 15 октомври 2026 година.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават преку електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака „Пријава – Бесплатна обука по англиски јазик“, додека целосниот јавен повик и дополнителните детали се достапни на официјалната веб-страница на општината aerodrom.gov.mk.
Фото: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













