Општина Аеродром додели признанија и парични награди за најдобрите наставници по повод Светскиот ден на наставникот
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 05 Октомври 2026
По повод 5 Октомври – Светскиот ден на наставникот, Општина Аеродром организираше свечен настани на кој им додели признанија и парични награди во износ од 10.000 денари на најуспешните наставници од осумте основни училишта на територијата на општината.
Признанијата лично им ги врачи градоначалникот Дејан Митески, кој им се заблагодари за исклучителната посветеност, трудот и љубовта со која ја вршат оваа благородна професија.
Наградените просветни работници доаѓаат од сите локални основни училишта, со што се одбележа нивниот придонес кон воспитувањето и образувањето на генерациите што растат во Аеродром.
Имињата на добитниците се Марјан Куцулоски (ООУ „Лазо Ангеловски“), Сања Димитриева (ООУ „Александар Македонски“), Звонко Лукрис (ООУ „Ѓорѓија Пулевски“), Љупка Павловска (ООУ „Димитар Македонски“), Магдалена Илиоска-Трајковска (ООУ „Гоце Делчев“), Соња Вељановска (ООУ „Блаже Конески“), Маја Божиновска (ООУ „Љубен Лапе“) и Зорица Вучиниќ (ООУ „Браќа Миладиновци“).
Градоначалникот Митески упати и посебна благодарност до директорите на основните училишта за нивната соработка, поддршка и постојано инвестирање во подобрување на условите за работа на наставниот кадар и учениците, нагласувајќи дека општината ќе продолжи да биде силен партнер на образовниот сектор.
Фото: https://www.facebook.com/miteskid
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













