Колку го чини еден вработен работодавецот годишно? Просекот е 788 илјади денари

Просечните годишни издатоци на работодавецот по вработен во Македонија во 2024 година изнесувале 788.066 денари, покажуваат податоците од Анкетата за цената на трудот.

Највисоки биле издатоците во секторот „Информации и комуникации“, каде годишниот просек по вработен достигнал 1.453.846 денари.

Според податоците, просечниот трошок на работодавецот по фактички одработен час во 2024 година изнесувал 450 денари.

Вработените во просек реализирале 1.752 фактички одработени часа годишно.

За истражувањето се користени административни податоци од Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.