Бруто-платата во јули порасна за 7,1 отсто, просекот 72.935 денари

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јули 2026 година изнесува 72.935 денари, што е за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.

Најголем раст на просечната бруто-плата на годишно ниво е забележан во финансиските дејности и осигурувањето, со зголемување од 10,8 отсто.

Следуваат снабдувањето со вода, отстранувањето на отпадни води, управувањето со отпад и санацијата на околината, каде што растот изнесува 10,5 отсто, и дејностите во врска со недвижен имот, со зголемување од 9,8 отсто.

Во однос на јуни 2026 година, најголемо зголемување на просечната бруто-плата е забележано кај стручните, научните и техничките дејности – 4,6 отсто, трговијата на големо и мало и поправката на моторни возила и мотоцикли – 2,7 отсто, и градежништвото – 2,1 отсто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.