Продажните цени на индустриските производители на странските пазари пораснаа за 0,6 отсто
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 28 Септември 2026
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во август 2026 година се зголемени за 0,6 отсто во однос на јули.
Според податоците, во секторот Рударство и вадење камен цените се зголемени за 4,1 отсто, додека во Преработувачката индустрија растот изнесува 0,4 отсто.
На годишно ниво, односно во споредба со август 2025 година, продажните цени на индустриските производители на странските пазари се повисоки за 23 отсто во Рударството и вадењето камен, а за 7,3 отсто во Преработувачката индустрија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













