Цените на индустриските производители на домашниот пазар пораснаа за 5,1 отсто
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 28 Септември 2026
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во август 2026 година се намалени за 0,7 отсто кај енергијата и за 0,1 отсто кај интермедијарните производи, освен енергијата, во однос на јули.
На годишно ниво, односно во споредба со август 2025 година, продажните цени се зголемени за 5,1 отсто.
Најголем раст има кај енергијата, каде цените се повисоки за 10,2 отсто. Интермедијарните производи, освен енергијата, поскапеле за 2,8 отсто, трајните производи за широка потрошувачка за 4,4 отсто, а нетрајните производи за широка потрошувачка за 5 отсто.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













