Започнува проектирањето на секундарната водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 17 Септември 2026
Општина Бутел започнува со клучна фаза од инфраструктурното унапредување на населените места Љубанци и Љуботен.
Градоначалникот Дарко Костовски, заедно со одговорните лица од ЈП „Водовод и канализација“, изврши теренски увид со кој и официјално започнува проектирањето на секундарната водоводна мрежа во овие две населби, со што се прави одлучувачки чекор кон обезбедување стабилно снабдување со чиста градска вода за пиење за секој дом.
Како што истакнуваат од општинската власт, проектот се реализира во соработка со Град Скопје, Министерството за транспорт и Владата, што претставува потврда за силна институционална координираност и планско работење.
Првата фаза напредува одлично, а надлежните најавуваат дека целосната реализација ќе се одвива во рекордни рокови.
Со оваа инвестиција се отвора патот кон целосно надминување на долгогодишните предизвици со водоснабдувањето и се создаваат современи и функционални услови за живот за сите жители во овој дел од општината.
Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













