Градежна офанзива во Општина Бутел: Започна реконструкцијата на значајната сообраќајница „Марко Крале“
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 18 Септември 2026
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, информираше за почетокот на новите градежни активности кои се однесуваат на темелна реконструкција на улицата „Марко Крале“, со што продолжува реализацијата на барањата на жителите и унапредувањето на локалната патна инфраструктура.
Во рамките на актуелната градежна офанзива во општината, започнаа зафатите на улицата „Марко Крале“, која претставува една од главните сообраќајници во населбата Бутел.
Градоначалникот Костовски нагласи дека овие активности доаѓаат како продолжение на претходно успешните реконструкции на улиците „Хо Ши Мин“ и „Натанаил Кучевишки“.
Тој истакна дека довербата што ја дадоа граѓаните се оправдува преку секојдневна и посветена работа во нивен интерес, со јасна цел за обнова и подобрување на условите за движење и квалитетот на животот во целата општина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













