35-ката ќе продолжи до Радишани: Бутел ќе добие директна врска со Аеродром

Автобуската линија со број 35 ќе биде продолжена до Радишани, со што жителите на Општина Бутел ќе добијат директна автобуска врска со Аеродром и Ново Лисиче.

Информацијата ја објави градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, кој соопшти дека процедурата за продолжување на линијата е завршена. Според неговата објава, договор за продолжувањето е постигнат со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и директорот на ЈСП.

Костовски најави дека во наредните денови ќе биде презентиран новиот возен ред, а потоа ќе започне и пробно сообраќање на продолжената линија. Автобусот ќе продолжува до последната постојка на линијата 57 во Радишани.

Линијата 35 во моментов сообраќа на релација Железничка станица – Ново Лисиче – Железничка станица Скопје Север. Предлогот за нејзино продолжување до Радишани беше објавен минатиот месец, по барања и предлози од жители на Бутел.

Од Општина Бутел очекуваат продолжената линија да биде добро прифатена од граѓаните и да прерасне во трајно решение.

Со продолжувањето на 35-ката, за жителите на Радишани и Бутел се отвора уште една директна врска кон источниот дел на Скопје, без потреба од преседнување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.