Инвестиции во локалниот спорт: Општина Бутел додели финансиска помош за спортските клубови

Општина Бутел додели нова финансиска поддршка за локалните спортски клубови, со цел стимулирање на развојот на спортот и поддршка на младите таленти во постигнувањето нови државни, балкански, европски и олимписки успеси.

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, во своето обраќање истакна дека спортот претставува клучен фактор за градење на поквалитетно и поздраво општество, додека врвните спортски резултати имаат значајна улога во афирмацијата на државата.

 

Тој нагласи дека општинската власт останува цврст и сигурен партнер на сите спортисти и спортски здруженија, додавајќи дека Бутел продолжува да се позиционира како општина со развиена спортска инфраструктура и посветеност кон развојот на спортските дисциплини.

 

Упатувајќи честитки до клубовите, градоначалникот им посакува успешна работа и нови бележити резултати во иднина.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.