Голема инфраструктурна офанзива во Скопје Север: Започна целосна реконструкција на улицата Костурска и паркинг просторите

Во населеното место Скопје Север започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект кој опфаќа целосна реконструкција на улицата Костурска, придружните пристапни патеки, како и на двата големи паркинг простори во овој дел од општината.

 

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, истакна дека овој зафат се реализира како директен одговор на долгогодишните барања и потреби на локалното население.

 

Во рамките на градежните активности, за првпат во овој дел ќе се изгради и нов пешачки тротоар, со што сериозно ќе се зголеми безбедноста и непреченото движење за сите пешаци и учесници во сообраќајот.

 

Костовски нагласи дека проектите во Скопје Север се дел од пошироката градежна иницијатива на локалната самоуправа, насочена кон подобрување на урбаната инфраструктура, решавање на проблемите со паркирањето и подигање на квалитетот на секојдневниот живот на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.