Општина Бутел воведе нови социјални мерки: Бесплатен топол оброк и ужинка за учениците од социјално загрозени семејства и самохрани родители

Општина Бутел донесе нови одлуки насочени кон зајакнување на социјалната грижа и поддршка на семејствата на нејзината територија, со акцент на олеснување на секојдневните трошоци за најранливите категории граѓани.

 

Според новите мерки, предвидено е целосно ослободување од плаќање на надоместокот за топол оброк и ужинка во основните училишта за учениците од семејствата на самохрани родители.

 

Дополнително, децата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства се целосно ослободени од плаќање на надоместокот за училишна ужинка.

 

Од локалната самоуправа истакнуваат дека овие активности претставуваат дел од континуираните напори за обезбедување еднакви услови за развој и образование на сите ученици, нагласувајќи дека институционалната грижа и поддршката за семејствата на кои тоа им е најпотребно остануваат врвен приоритет.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.