Градоначалникот Костовски ја најави реализацијата на деценискиот инфраструктурен проект во Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 05 Октомври 2026
Општина Бутел доби нов, современ мост во Радишани, проект вреден 12 милиони денари кој жителите го очекуваа со децении.
Градоначалникот Дарко Костовски истакна дека оваа значајна инвестиција носи ново и модерно поврзување меѓу населените места, при што директно се зголемува сообраќајната и пешачката безбедност за сите граѓани.
Костовски нагласи дека изградбата на мостот претставува дел од континуираните локални напори за подобрување на урбаната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во Општина Бутел, порачувајќи дека реализацијата на капиталните проектите продолжува и во периодот што следи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













