Расчистен Паркот на новинарите, Герасимовски бара решение за бездомните лица
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 16 Септември 2026
Паркот на новинарите спроти објектот на „Нова Македонија“ е расчистен и повторно ставен во функција на граѓаните, информира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Како што објави тој, општината во координација со надлежните служби го расчистила јавниот простор по пријави од граѓани за отпад, импровизирани шатори и нарушување на јавниот ред и мир. Од просторот биле отстранети и бездомни лица.
Герасимовски апелира до Министерството за труд и социјална политика итно да се вклучи во решавањето на статусот на овие лица, со цел, како што наведува, да се спречи повторување на ваквите ситуации.
„Паркот повторно им се враќа на граѓаните – чист и безбеден“, порача Герасимовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













