Јубилејно издание на „Статуафест“: Улиците на Центар повторно стануваат сцена

Од 17 до 19 септември, Плоштад Македонија и улица Македонија ќе се претворат во отворена сцена на која ќе бидат изведени 15 улични акти со учество на повеќе од 20 артисти.

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, посочува дека фестивалот веќе една деценија е дел од културниот живот на општината и придонесува јавниот простор да биде место за креативност и уметнички израз.

 

Општина Центар и годинава го поддржува фестивалот, со што продолжува поддршката за културните содржини што ја збогатуваат понудата во централното градско подрачје.

 

По повод јубилејното издание, Герасимовски упати честитки до организаторите и учесниците, со порака фестивалот да продолжи да ја оживува улицата и во годините што следуваат.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.