Street Food Picnic повторно во Центар: Храна, музика и дружење во Паркот на Франкофонија
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 16 Септември 2026
По успешното минатогодишно издание, фестивалот повторно се враќа во Центар со разновидна понуда на храна, музичка програма и креативни работилници наменети за најмладите.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика граѓаните викендот да го поминат во паркот, со семејството и пријателите, во атмосфера исполнета со забава и дружење.
Street Food Picnic ќе започне во петок, 18 септември, од 17 часот и ќе трае до полноќ.
Во сабота и недела, 19 и 20 септември, посетителите ќе можат да го посетат фестивалот од 12 часот до полноќ.
Настанот е наменет за посетители од сите возрасти, со посебен акцент на семејното дружење и можноста септемврискиот викенд да се помине во поинаква, опуштена атмосфера во срцето на Центар.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













