Поддршка за знаењето и талентот: Општина Центар доделува стипендии за учениците од основните училишта

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со традицијата на финансиска поддршка за најталентираните ученици, доделувајќи месечни стипендии за учениците од општинските основни училишта кои постигнуваат забележителни резултати во областа на културата, науката, техниката, посебните вештини и спортот.

 

Финансиската поддршка изнесува од 3.500 до 5.000 денари месечно, а средствата се исплаќаат во период од осум месеци.

 

Како дел од социјално одговорните политики, Општината обезбедува и посебни стипендии за осум талентирани ученици кои доаѓаат од семејства со висок социјален ризик, со што се гарантира еднаков пристап до можности за развој и напредок за сите деца.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека трудот, знаењето и талентот на младите заслужуваат целосна институционална поддршка, нагласувајќи дека локалната самоуправа и во иднина ќе продолжи да создава амбиент во кој секој ученик ќе може да го развие својот целосен потенцијал.

 

Пријавувањето за стипендиите е веќе отворено и трае до 23 септември 2026 година.

 

Сите детални услови, потребни документи и начинот на аплицирање заинтересираните граѓани можат да ги најдат на следниот https://www.centar.gov.mk/.../odnosi-so-javnost/soopstenija. 

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.