Строги санкции за узурпација на јавните површини: Општина Центар казни четири градилишта до 1.800 евра поради оставен градежен шут

Во изминатата недела, инспекциските служби на Општина Центар спроведоа интензивни контроли на терен, при што изрекоа парични казни во износ од 1.300 до 1.800 евра за четири градилишта поради незаконско оставање градежен материјал и шут на јавни површини.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека тротоарите и улиците не се простор за складирање градежни материјали и дека тие мора да бидат чисти, безбедни и целосно слободни за непречено движење на граѓаните.

 

Тој нагласи дека инспекторите остануваат постојано на терен, а контролите продолжуваат со исто темпо, со јасна порака дека секој што ги крши прописите и го узурпира јавниот простор ќе биде санкциониран.

 

Во оваа насока, Герасимовски упати апел до инвеститорите и градежните компании максимално да ги почитуваат своите законски обврски, да се грижат за комуналниот ред, чистотата и безбедноста во околината на градилиштата, со цел заштита на јавниот интерес и сигурноста на жителите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.