Центар со дигитален систем за следење на бучавата: Поставени 30 мерни уреди, податоците јавно достапни
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 18 Септември 2026
Општина Центар е првата општина во државата која овозможува дигитален увид во мерењата на бучавата.
На 30 локации се поставени мерни уреди, а резултатите од мерењата отсега се достапни за јавноста преку ГИС-порталот на општината.
Граѓаните преку дигиталната платформа можат да го следат нивото на бучава на конкретните локации и да имаат увид дали измерените вредности ги надминуваат дозволените граници.
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, посочува дека со воспоставувањето на системот е реализирано ветувањето за паметен начин на следење на бучавата, при што мерењата се ставени на увид на јавноста.
Од Општина Центар најавуваат дека системот ќе продолжи да се проширува со нови мерни локации, паралелно со процесот на дигитализација на општинските услуги.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













