БЕЗ ВОДА ДЕЛ ОД КАПИШТЕЦ: Прекинот почнува од 9 часот
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 21 Септември 2026
Денеска, 21 септември, дел од корисниците во населбата Капиштец ќе останат без вода поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-100 мм на улицата „Питу Гули“ бр. 31.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на улиците:
„Питу Гули“
„Димитар Пандилов“
„Ганчо Хаџипанзов“
„Капиштец“
„Ловќенска“ – крак 1, 3, 5 и 7.
Прекинот во водоснабдувањето започнува во 09:00 часот, а водата ќе биде пуштена по завршувањето на санациските работи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













