Казнети шест градилишта во Центар, отстранети три бесправни блокатори

Шест градилишта се казнети со по 1.300 евра, а на три локации се отстранети бесправно поставени блокатори, информира градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Според неговата објава, казните се изречени во текот на минатата недела поради прекршувања поврзани со комуналниот ред и Законот за јавна чистота.

Герасимовски информира дека општинските инспектори продолжуваат со засилени контроли на терен, вклучително и во вечерните часови.

Тој упати апел до инвеститорите и изведувачите да ги почитуваат законските обврски и да не ги загрозуваат улиците и тротоарите.

„Нашите инспекциски служби нема да толерираат узурпација на јавниот простор“, порача Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.