Општина Центар воведува организирани обуки за рана детска интервенција во градинките
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 22 Септември 2026
Општина Центар започнува со реализација на прв ваков системски проект на државно ниво, воведувајќи организирани обуки за рана детска интервенција во општинските детски градинки, со цел навремено препознавање и соодветна поддршка при развојните потешкотии кај најмладите.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека вработените во градинките минуваат низ стручни едукации за да можат на време да ги препознаат развојните предизвици кај децата, овозможувајќи во соработка со родителите и стручните лица да се обезбеди навремена помош.
Според него, раната интервенција може да направи пресудна разлика во целокупниот развој и животниот пат на секое дете.
Во рамките на оваа иницијатива, за родителите, воспитувачите и стручната јавност е ставена на располагање и специјализираната веб-платформа www.ranaintervencija.mk, каде што се достапни потребните информации, стручни совети и насоки за поддршка.
Од општинската власт порачуваат дека и во иднина ќе продолжат интензивно да вложуваат во знаење, стручни кадри и поквалитетна грижа за секое дете и семејство на локално ниво.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













