Општина Центар домаќин на претставници од Романија во рамките на проектот „SocialPro“

Општина Центар оствари значајна работна средба и размена на добри практики во областа на социјалната заштита со претставници од здружението „Хуманост“ од Македонија и Дирекцијата за социјална заштита од романскиот град Тимишвара, кои преку европската иницијатива „SocialPro“ ги споделија своите искуства за унапредување на локалните социјални сервиси.

 

Како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, посетата се реализира во рамките на проектот „SocialPro“, кој е финансиски поддржан од Европската унија преку програмата Еразмус+.

 

За време на средбата, претставниците на Општина Центар ги презентираа локалните социјални услуги што ги обезбедуваат за своите граѓани финансирани директно од општинскиот буџет, додека гостите од Романија ги претставија своите модели и искуства во менаџирањето и давањето социјална заштита.

 

Учесниците на средбата ја нагласија важноста од континуираното споделување знаења и добри практики со цел зајакнување на меѓусебната соработка и достигнување повисоки европски стандарди во корист на крајните корисници и заедницата.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.