Општина Центар отстрани руиниран објект и дива депонија во Маџир Маало

Општина Центар продолжува со реализацијата на теренските акции за расчистување на критичните точки и подобрување на комуналната хигиена, при што во населбата Маџир Маало е отстранет импровизиран и руиниран објект кој претставувал сериозна закана за безбедноста и здравјето на жителите.

 

Како што информира градоначалникот Горан Герасимовски, по извршената детаљна инспекциска проверка било утврдено дека објектот нема сопственик, по што надлежните општински служби веднаш интервенирале и пристапиле кон негово рушење и отстранување.

 

Просторот, кој претходно бил претворен во мини-депонија, сега е целосно расчистен и доведен во уредна состојба.

 

Од локалната самоуправа нагласуваат дека овие акции продолжуваат и во наредниот период низ сите делови на општината, со цел да се обезбеди чиста, здрава и безбедна животна средина за секој граѓанин.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.