Ослободена пешачката зона на „Даме Груев“: Општина Центар ја отстрани металната конструкција кај слаткарницата „Малага“

Металната конструкција поставена кај познатата слаткарница „Малага“ е целосно отстранета, со што пешачката зона на улицата „Даме Груев“ повторно е ослободена за непречено и безбедно движење на граѓаните.

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информираше дека општинските инспекциски служби се активни на терен и редовно вршат контроли.

 

Тој нагласи дека сите бесправно поставени објекти и узурпации на јавните површини ќе бидат решително отстранети, а лицата кои ги прекршуваат прописите ќе бидат соодветно санкционирани.

 

Герасимовски порача дека целта на овие акции е враќање на уреден, безбеден и достапен јавен простор кој им припаѓа на сите граѓани, најавувајќи продолжување на инспекциските надзори низ целата општина.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.