Општина Центар обезбедува бесплатна асистивна технологија и стручна поддршка
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 28 Септември 2026
Општина Центар, во соработка со Центарот за асистивна технологија при здружението „Отворете ги прозорците“, започна со обезбедување бесплатна и целосно индивидуализирана стручна поддршка наменета за деца и млади со попреченост, како и за нивните семејства.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека дигиталната инклузија всушност претставува обезбедување еднакви можности за развој на секое дете.
Преку примена на современа асистивна технологија, секое дете добива стручна поддршка прецизно приспособена на неговите индивидуални потреби и способности, што му овозможува полесно да комуницира, да учи, поактивно да се вклучи во образовниот процес и да стекне поголема самостојност во секојдневниот живот.
Герасимовски нагласи дека основната цел на оваа иницијатива е технологијата да биде широко достапна и да отвори нови можности за учење и независност, порачувајќи дека општината продолжува посветено да гради поинклузивна заедница во која секое дете има отворен пат за развој на своите потенцијали.
Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













