Санирано платото во основното училиште „Гоце Делчев“: Општина Центар го реши долгогодишниот проблем со протекување и го уреди училишниот простор

Општина Центар ја заврши санацијата и целосното уредување на платото во основното училиште „Гоце Делчев“, со што успешно се надмина долгогодишниот проблем со протекувањето на водата над училишната спортска сала.

 

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека во рамките на реализираните зафати на терен е поставена нова хидро и термоизолација, изработени се нова кошулка и плочки, а инсталиран е и нов систем за одводнување со цел трајна заштита на објектот.

 

Дополнително, училишното плато е опремено со нови клупи за одмор, со што на учениците им е овозможен почист и попријатен амбиент за престој за време на училишните одмори.

 

Од општинската управа нагласуваат дека инвестициите во образовните установи продолжуваат и во наредниот период, со крајна цел создавање современи, безбедни и квалитетни услови за настава и севкупен развој на учениците.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/gerasimovskig





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.