Без вода дел од улицата „Димитрие Чуповски“ во Центар

Дел од корисниците на улицата „Димитрие Чуповски“ во Скопје денеска ќе останат без вода поради дефект на водоводната мрежа.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот започнал во 08:30 часот, поради дефект на затворач со димензија Ф-80 мм на улицата „Димитрие Чуповски“ бр. 24.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на санацијата на дефектот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.