Суперхероите вечерва пристигнуваат во Ѓорче Петров на музичко шоу за најмладите

Настанот ќе се одржи на 16 септември со почеток во 18 часот, а децата ќе имаат можност активно да се вклучат во програмата заедно со Спајдермен, Супермен, Бетмен, Супер Марио и кловнот Боби.

 

Преку музика, игра и дружење, најмладите ќе бидат дел од забавна авантура која, покрај забавниот карактер, носи и пораки за чесноста, фер-играта, тимската работа, храброста и меѓусебната поддршка.

 

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, ги повика семејствата да го посетат настанот и да поминат заедничка вечер исполнета со музика, смеа и забава под отворено небо.

 

Шоуто ќе се одржи во амфитеатарот кај „Тинекс“ во Реонскиот парк Ѓорче Петров.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr?locale=mk_MK





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.