Општина Ѓорче Петров го одбележа својот празник со најава за нов инвестициски циклус
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 18 Септември 2026
Со полагање цвеќе на споменикот на патронот Ѓорче Петров и со свечена седница на Советот на општината, Општина Ѓорче Петров го одбележа својот празник, посветен на ликот и делото на великанот на македонската револуционерна мисла, како и на сите генерации што придонеле за развојот на местото.
Градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека развојот на општината денеска се мери со конкретни дела, потсетувајќи на бројните реализирани проекти во изминатиот период – од реконструирани километри улици и изградба на канализациска мрежа, до нови спортски содржини.
Тој нагласи дека овие инвестиции носат директни подобрувања во секојдневниот живот, создавајќи подобра инфраструктура, нови можности за децата и посигурна иднина за семејствата.
Воедно, Стојкоски најави нов инвестициски циклус кој опфаќа нови улици, инфраструктурни објекти и развојни проекти за секој дел од општината, со цел зачувување на наследеното и надградување на создаденото за идните генерации.
Фото извор: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













