Нова сообраќајна регулатива во Ѓорче Петров: Воведена „Зона 30“ на улицата „Воин Драшкоци“ за побезбедни улици

Општина Ѓорче Петров презема нови чекор за зголемување на сообраќајната безбедност преку воведување на концепт „Зона 30“ на новоизградената улица „Воин Драшкоци“.

 

На терен веќе се поставува целосна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, а за дополнително смирување на сообраќајот на две клучни локации се инсталираат и успорувачи на брзината, со што максималната дозволена брзина се ограничува на 30 километри на час.

 

Градоначалникот Александар Стојкоски нагласи дека безбедноста на граѓаните останува врвен приоритет на локалната самоуправа.

 

Тој испрати јасна порака до возачите дека секое несовесно и непрописно управување со возилата, кое ги загрозува останатите учесници во сообраќајот, строгo ќе биде санкционирано од страна на надлежните органи.

 

Стојкоски упати апел до сите учесници во сообраќајот за максимална одговорност, потсетувајќи дека заштитата на децата, пешаците и сите сограѓани претставува заедничка обврска, со цел да се обезбеди мирно и сигурно секојдневие во сите населби низ општината.

 

Фото: https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.