Општина Илинден започна со реконструкција на две улици во Текија
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 17 Септември 2026
Во населеното место Текија започнаа градежните активности за целосна реконструкција на две улици во вкупна должина од околу 300 метри.
Овој инфраструктурен зафат се реализира како директен одговор на потребите и барањата на жителите, со основна цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се обезбедат поквалитетни услови за секојдневно движење.
Од локалната самоуправа истакнуваат дека заложбите за унапредување на патната инфраструктура продолжуваат со исто темпо во сите населени места, со цел градење модерен, функционален и безбеден амбиент за сите граѓани.
Со овие проекти Општина Илинден ја потврдува својата посветеност кон рамномерен развој и подобрување на секојдневниот квалитет на живот.
Ова го пренесува градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.
Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













