Подобрување на локалната патна мрежа: Асфалтирана нова делница од улица „3“ во Дељадровци
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 22 Септември 2026
Општина Илинден продолжува со реализација на планираните инфраструктурни активности насочени кон подобрување на условите за живеење, при што успешно е завршено асфалтирањето на дел од улица „3“ во населеното место Дељадровци.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека реконструкцијата на локалните сообраќајници претставува еден од клучните приоритети на локалната самоуправа, нагласувајќи дека се работи плански и во сите населени места согласно потребите на граѓаните.
Во рамките на овој зафат е извршено асфалтирање на делница во вкупна должина од 350 метри, со што директно се подобрува безбедноста и се олеснува секојдневниот сообраќај за жителите од овој реон.
Од општинската администрација нагласуваат дека инвестициите во патната инфраструктура ќе продолжат и во иднина со цел подигнување на општото ниво на урбено живеење.
Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













