Општина Илинден инвестира во нови пумпни станици за стабилно и енергетски ефикасно водоснабдување

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурните зафати насочени кон подобрување на квалитетот на живот на локалното население, преку инвестиции во модернизација на пумпните станици и зголемување на енергетската ефикасност на водоснабдителниот систем.

 

Како што информира градоначалникот Александар Георгиевски, во изминатиот период се реализирани значајни технички зафати во рамките на ЈКП „Водовод“ – Илинден, со цел да се обезбеди стабилен, сигурен и оптимален проток на чиста вода за пиење за сите жители.

 

Во препумпната станица Бунарџик инсталирани се две нови вертикални пумпи со моќност од по 18 kW, кои се наменети за непречено препумпување на водата кон резервоарите во населените места Ајватовци и Бучинци.

 

Дополнително, во пумпната станица во Јурумлери е набавена и монтирана нова пумпа со моќност од 30 kW, додека во пумпната станица ОКТА, исто така во Јурумлери, е поставена нова потопна потисна пумпа со моќност од 23 kW во собирниот колектор, чија работа е целосно автоматизирана и управувана преку современ систем со фреквентна регулација.

 

Од локалната самоуправа истакнуваат дека овие зафати директно придонесуваат кон намалување на потрошувачката на електрична енергија и оптимизација на мрежата, со што се заокружуваат уште неколку важни проекти во интерес на граѓаните.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.