Општина Илинден набави нова механизација и приклучна опрема за ЈКП „Илинден“

Во рамките на континуираните активности за подобрување на локалните услуги, Општина Илинден набави нова механизација и приклучна опрема за потребите на Јавното комунално претпријатие „Илинден“, со што значајно се зголемуваат капацитетите за одржување на комуналната хигиена, инфраструктурата и заштитата на животната средина во општинарите.

 

Како што информира градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, новата опрема наменета за работната машина – трактор е во функција на поефикасно и поквалитетно извршување на секојдневните работни задачи во текот на целата година.

 

Во рамките на набавката инсталирани се хидраулика за приклучна механизација, како и плуг и соларка за навремено одржување на патиштата во зимски услови, додека за одржување на јавно-прометните површини обезбедена е и специјална четка за метење улици.

 

Дополнително, на располагање е ставен и плуг за заорување на противпожарни појаси, подготовка на површини при пошумување и реализација на акции за садење нови дрвца, како и приколка за транспорт на растителен и комунален отпад и превоз на различни материјали.

 

Георгиевски нагласи дека процесот на модернизација и обновување на опремата на комуналните претпријатија продолжува со крајна цел обезбедување поквалитетни, побрзи и поефикасни услуги за граѓаните, во насока на изградба на почист, поуреден и позелен Илинден.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.