Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Марино и Кадино за подобрена патна инфраструктура
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 05 Октомври 2026
Општина Илинден продолжува со реализацијата на капиталните инвестиции во патната инфраструктура со почеток на реконструкцијата на повеќе улици во населените места Марино и Кадино.
Како што информираше градоначалникот Александар Георгиевски, станува збор за целосна санација и асфалтирање на три краци во вкупна должина од околу 650 метри, на кои претходно веќе беше целосно поставена потребната подземна комунална инфраструктура.
Градоначалникот Георгиевски нагласи дека овие градежни активности се од исклучително значење за секојдневниот живот на жителите од овој регион, бидејќи директно ќе придонесат за поквалитетно сообраќајно поврзување и повисоко ниво на безбедност за сите учесници во сообраќајот.
Локалната самоуправа порача дека посветената работа на развојот на урбаната и модерна средина во Општина Илинден продолжува и во периодот што следи.
Фото: https://www.facebook.com/profile.php?id=100063857081671
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













