Разигран детски свет во Карпош 4: Градинката „Орце Николов“ добива нов уметнички мурал

Детската градинка „Орце Николов“ во скопската населба Карпош 4 наскоро добива нов, разигран и шарен лик.

 

Познатиот уметник Драган Китановски – Драш започна со изработката на новиот мурал насловен „Шарен детски свет“, чија цел е целосно да го разубави и збогати просторот каде што секојдневно растат, учат и играат најмладите.

 

Во креативниот процес на создавање на муралот денеска активно се приклучи и градоначалникот Сотир Лукровски, кој директно на ѕидот остави свој личен белег преку посебна креација посветена на децата.

 

Оваа иницијатива е дел од заложбите за креирање пошарен, повесел и многу поинспиративен амбиент за најмладите жители на општината, со што просторите во детските установа добиваат топол и поттикнувачки изглед за нивниот развој.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.