Уредување на училишните спортски терени во Карпош: Санирано игралиштето во ООУ „Јан Амос Коменски“ во пресрет на новите спортски лиги
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 22 Септември 2026
Општина Карпош започна со реализација на активностите за реконструкција и уредување на спортските терени во основните училишта, создавајќи подобри услови за физичка активност и развој на младите спортски таленти.
Во рамките на овие зафати, во ООУ „Јан Амос Коменски“ е извршена успешна санација на оштетената ограда кај спортските терени, поправени се клупите за седење и поставени се нови мрежи на головите и на кошевите за баскет.
Дополнително, головите и реквизитите во училишниот двор беа темелно бојадисани, со што целиот простор доби уреден и свеж изглед во пресрет на свеченото отворање на овогодинешните училишни спортски лиги во фудбал и кошарка за момчиња, како и одбојка за девојчиња.
Од општинската управа истакнуваат дека локалната самоуправа континуирано инвестира во модернизација и унапредување на спортските капацитети, со цел да се обезбедат оптимални услови за сите ученици.
Фото извор: https://www.facebook.com/OpstinaKarpos
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













