Општина Карпош: Базенот во спортската сала „Партизан“ од октомври започнува со работа за учениците и пливачките клубови
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 29 Септември 2026
Почнувајќи од октомври, базенот во спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ – Партизан официјално ќе биде ставен во функција, со што се обезбедуваат подобрени услови за спорт и физичка активност на најмладите жители на Општина Карпош.
Според најавите од локалната самоуправа, просторот ќе функционира со прецизно утврден распоред наменет за различни корисници.
Во претпладневните часови базенот ќе го користат учениците од основните училишта за нивните спортски активности, додека во попладневните часови тој целосно ќе биде ставен на располагање за редовни тренинзи на пливачките клубови.
Од Општина Карпош посочуваат дека активирањето на овој капацитет претставува значаен чекор кон поддршка на младите генерации и поттикнување на долгорочниот развој на пливачкиот спорт во локалната средина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













