Општина Кисела Вода како единствен македонски претставник се вклучува во престижниот европски проект „UrbanFood“
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 16 Септември 2026
Општина Кисела Вода официјално стана дел од значајниот 42-месечен европски проект „UrbanFood“ (Одржливи лаборатории за урбани прехранбени системи), со што претставува единствената општина од Македонија која учествува во оваа престижна меѓународна иницијатива финансирана од Европската Унија преку програмата „Horizon Europe“.
Почетокот на имплементацијата беше означен на иницијалниот настан во Атина, чиј домаќин беше Земјоделскиот факултет под раководство на проектниот координатор CERTH, каде делегацијата од Кисела Вода, заедно со македонскиот партнер „АгФутура Технологии“, презентираше ги капацитетите и можностите на општината кои ќе бидат ставени во функција на проектот.
Проектот има за цел да ги позиционира урбаните средини како двигатели на поздрави и климатски отпорни прехранбени системи, преку воспоставување на шест специјализирани лаборатории низ Европа, од кои едната ќе функционира токму во Кисела Вода.
Во соработка со граѓаните, истражувачите, малите и средни претпријатија и заедницата, таму ќе се ко-креираат и тестираат иновативни решенија кои ги поврзуваат одржливото производство на храна, дигиталните технологии и партиципативното управување.
Конзорциумот го сочинуваат 18 партнери од неколку европски земји, а очекувањата се преку имплементација на најдобрите европски практики да се обезбеди директен бенефит за граѓаните, поздрава животна средина и развој на локалната економија.
Ова го пренесува градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













