Кино на отворено во паркот „Македонија“: Општина Кисела Вода организира викенд со бесплатни проекции за сите генерации
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 17 Септември 2026
Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотеката на Македонија и Киноверзум, овој викенд – на 19 и 20 септември – организира манифестација „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“.
Настанот носејќи богата филмска содржина е наменет за сите генерации, а вечерите започнуваат со детски анимирани филмови, по што следуваат врвни македонски филмски остварувања.
Филмската програма започнува во сабота, 19 септември, кога во 19:00 часот е закачена проекцијата на детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, целосно синхронизиран на македонски јазик.
Вечерта продолжува од 20:35 часот со проекција на македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, остварување со две номинации за наградата Оскар, во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Филмот е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција.
Во недела, 20 септември, програмата започнува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик.
Во 20:25 часот следува проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните домашни филмови на сите времиња, добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижниот „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, ги поканува сите граѓани да го посетат паркот „Македонија“ и заедно да уживаат во одличната филмска програма.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska?locale=mk_MK
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













