Целосно се реконструира улицата „Фредерик Шопен“ во населбата Бирарија
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 18 Септември 2026
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изврши увид во почетокот на градежните активности за темелна реконструкција на улицата „Фредерик Шопен“ во населбата Бирарија, со што се решава уште еден долгогодишен проблем на локалното население и се подобрува сообраќајната безбедност во овој дел од општина.
Проектот опфаќа целосна обнова на коловозот во должина од околу 350 метри. Овој значаен инфраструктурен зафат се реализира во директна соработка со Министерството за транспорт, а се финансира со средства за капитални проекти од Владата на Република Македонија, обезбедени преку унгарскиот кредит.
Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска истакна дека синергијата меѓу локалната и централната власт претставува клуч за развојот на општината и создавање квалитетни услови за живот за секој жител, најавувајќи продолжување на посветената работа и со силно темпо.
Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













