Директен дијалог со граѓаните: Општина Кисела Вода го започна новиот циклус теренски посети од урбаната заедница „11 Октомври-згради“

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со тимот раководители на општинските сектори, започна со реализација на новиот циклус теренски посети низ месните и урбаните заедници во општината, остварувајќи ја првата отворена средба со жителите на урбаната заедница „11 Октомври-згради“.

 

На средбата беа сумирани проектите реализирани во изминатиот период, при што особено беа истакнати проширувањето на капацитетите на детската градинка „Весели цветови“ – клон „Кокиче“, доградбата на нови училници во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, субвенциите за санација на лифтови во станбените згради, како и редовното одржување на јавните простори и организирањето културни настани во парковите.

 

Во рамките на конструктивниот дијалог, жителите ги споделија своите актуелни потреби, врз основа на кои општинските служби евидентираа неколку нови барања: поставување ново јавно осветлување пред салата „Расадник“, обезбедување дополнителен паркинг простор зад зградата на улицата „Михаил Чаков“, поставување нови контејнери на неколку локации и асфалтирање на преостанатата улична мрежа во должина од 50 метри зад зградата на Општината.

 

Стаменкоска Трајкоска нагласи дека теренските средби ќе продолжат во сите населени места со цел институционално соочување со проблематиките и заедничко креирање решенија за подобрување на квалитетот на живеење.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.