Општина Кисела Вода ја започнува кампањата „Вашата месна заедница – прва станица за секој проблем!“

Општина Кисела Вода започнува со реализација на нова кампања под мотото „Вашата месна заедница - прва станица за секој проблем! Блиску до вас, блиску до решенијата!“, чија цел е административните услуги и поддршката да се доближат директно до местата на живеење на граѓаните и да се овозможи поефикасно решавање на секојдневните предизвици.

 

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, истакна дека иницијативата е насочена кон зајакнување на улогата на месните заедници како клучни локални ресурси.

 

За да се олесни комуникацијата и да се овозможи брз пристап до надлежните, телефонските броеви на претседателите и секретарите на сите 15 месни заедници се веќе јавно достапни на официјалната општинска веб-страница, а дополнително се подготвени и информативни летоци кои ќе бидат поделени до домаќинствата.

 

Стаменкоска Трајкоска нагласи дека кога иницијативите почнуваат од луѓето кои најдобро го познаваат своето маало, успехот и учеството во креирањето на локалните политики се загарантирани.

 

Таа ги повика жителите масовно да ги користат овие контакти, да стапат во контакт со своите претставници и активно да се вклучат во заедничкото унапредување на условите за живот во секоја населба.

 

Фото извор: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.