Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ организираат целодневен настан посветен на домашните миленици по повод Светскиот ден на животните

Општина Кисела Вода, во соработка со Јавното претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“ – Скопје, во сабота, 3 октомври, организира тематски настан во паркот „Македонија“ под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, во пресрет на Светскиот ден на животните.

 

Дневната програма, која започнува во 11:00 часот пред Домот на култура „Билјана Беличанец“, е замислена како интерактивна зона каде што граѓаните ќе можат да добијат стручни совети од ветеринарни лекари за здравствената грижа и исхраната на своите миленици.

 

Во рамките на програмата се предвидени практични демонстрации и консултации од професионални грумери, како и презентации на храна и реквизити од пет-шопови.

 

Настанот ќе понуди и можност сите заинтересирани граѓани на лице место да вдомат бездомни кучиња од стационарот на „Лајка“.

 

Манифестацијата ќе продолжи во вечерните часови, со почеток во 19:00 часот пред киното „Киноверзум“, каде што е организирана кино-проекција на отворено на филмот „Приказната за Силјан“, настан на кој сопствениците можат да присуствуваат во друштво на своите миленици.

 

Градоначалнилката Бети Стаменкоска Трајкоска упати покана до сите граѓани да земат учество во активностите кои промовираат позитивна енергија, дружење и одговорна грижа за животните.

 

Фото: https://www.facebook.com/betistamenkoska





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.