Општина Кисела Вода домаќин на Меѓународниот ден на учителот: Наградени најуспешните просветни работници од земјата
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 05 Октомври 2026
Во рамките на Домот на културата „Билјана Беличанец“, Општина Кисела Вода денеска беше домаќин на централното одбележување на 5 Октомври – Меѓународниот ден на учителот, во организација на Сојузот на просветни работници.
На свеченоста на која присуствуваа министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот Жаклина Ристовска, беа доделени признанија за најуспешните просветни работници од целата држава.
Градоначалничаката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна огромната одговорност и значење на просветната дејност, нагласувајќи дека во рацете на наставниците и воспитувачите се наоѓа највредното – иднината на децата.
Посебно задоволство беше истакнато за фактот што меѓу најуспешните професионалци на државно ниво се најдоа и две претставнички токму од Кисела Вода – Клементина Петрушевска, воспитувач во ЈДГ „Весели Цветови“, и Весна Тодоровска Унковска, одделенски наставник во ООУ „Партенија Зографски“.
Во пресрет на празникот, Општината додели награди и за 18 истакнати просветни работници од своите основни училишта.
Раководството на локалната самоуправа порача дека и во иднина останува посветено на непрекинато инвестирање во подобрување на образовните услови и обезбедување цврста поддршка за наставничкиот кадар.
Фото: https://www.facebook.com/betistamenkoska
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













