Празник на автентичниот музички израз: Вечерва во Охрид се одржуваат „Охридски староградски средби 2026“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 18 Септември 2026
Вечерва (18 септември 2026 година), со почеток во 19:00 часот, во големата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи традиционалниот фестивал „Охридски староградски средби 2026“.
Оваа значајна музичка манифестација има за цел трајно да ги зачува, негува и афирмира старите, автентични градски песни, со што директно се придонесува за продолжување на богатата традиција и музичка ризница пренесена од минатите векови.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со автентичен мелос и уметнички израз кој ги оживува старите времиња, а за сите љубители на староградската музика, влезот во големата сала на културниот центар е целосно слободен.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













