Сиљановска-Давкова го отвори 47. „Браќа Манаки“, „Златната камера 300“ за Дан Лаустсен
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 20 Септември 2026
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, синоќа свечено го прогласи за отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.
На свеченото отворање, Сиљановска-Давкова ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело на данскиот кинематографер Дан Лаустсен, кој е годинашен лауреат на фестивалот. 47. издание на фестивалот се одржува од 19 до 25 септември во Битола.
Во своето обраќање, претседателката се осврна на долгогодишната традиција на фестивалот и на неговата поврзаност со филмското наследство на браќата Јанаки и Милтон Манаки.
Годинешното мото на фестивалот е „Ткајачи на филм“, кое, според Сиљановска-Давкова, ја симболизира филмската уметност создадена од светлина и сенка, боја и движење, звук и тишина, но и од искуството на големите мајстори и храброста на новите генерации.
„Наша должност е да го поддржиме, сочуваме и продолжиме ова драгоцено наследство“, порача Сиљановска-Давкова во објавата по повод отворањето.
Фестивалот „Браќа Манаки“ и годинава носи богата филмска и едукативна програма, со учество на реномирани кинематографери и филмски автори од земјата и светот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













