Вечерва во Културниот центар рецитал за флејта на Фјола Рамадани и пијанистката Јасна Аврамовска
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 21 Септември 2026
Денеска, со почеток во 18:00 часот, во Културниот центар Белград, Македонскиот КИЦ, со поддршка од Министерството за култура и туризам, организира исклучителен рецитал за флејта на кој ќе настапи истакнатата флејтистка Фјола Рамадани, во пијано-придружба на уметницата Јасна Аврамовска.
Настанот официјално ќе го отворат директорот на КИЦ во Белград, Васко Шутаров, и уредничката на музичката програма на Културниот центар Белград, Дамјана Његиќ.
Пред белградската публика ќе биде презентирана богата музичка програма која опфаќа врвни дела од Пјер Санкан, Шарл-Мари Видор и Франц Шуберт, како и домашното уметничко остварување „Инвенција Сиринкс“ од значајниот македонски композитор Томислав Зографски.
Концертот ги обединува двете реномирани уметници со богати професионални биографии.
Флејтистката Фјола Рамадани дипломирала на Универзитетот за музика и уметност во Анкара во класата на професорите Х. Х. Тургај и О. Учар, дополнително надградувајќи се на мајсторски курсеви во Париз и Истанбул, а зад себе има и низа признанија и награди од меѓународни натпревари.
Пијанистката Јасна Аврамовска дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. Снежана Анастасова-Чадиковска и проф. Тодор Светиев, а магистрирала на Музичката академија „Панчо Владигеров“ во Бугарија кај проф. Жени Захариева, остварувајќи бројни солистички настапи со домашни и странски оркестри низ неколку европски земји, Турција и Соединетите Американски Држави.
Фото извор: https://kultura.gov.mk/
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс













